Екипата Победа ја прекина серијата порази од пет меча, одигрувајќи нерешено, 1:1, дома со фаворитот Кратово, во 15. рунда од Втората футсал-лига на Македонија. Во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп беше интересен дуел. Домашните поведоа во 12. минута преку Виктор Тошески. Гостинскиот тим, кој има 9 бода повеќе и е 8 места повисоко на табелата, израмни во 18. минута со голот на Драган Стефанов. Борбата беше до последната секунда. Во последната минута стрелецот за Победа, кој е и капитен на тимот, Виктор Тошески, поради приговори доби два жолти картона, што значеше црвен картон и исклучување.
ПОБЕДА: Настески, Нацески, Тошески, Спиркоски, Трајкоски – Китаноски, Алексоски, Димитријески, Наумоски, Каришик.
КРАТОВО: Ивановски, Стефанов, Ефремов, Г. Јакимов, Арсовски – Атанасов, Ј. Тоневски, К. Јакимов, Стојчевски, Д. Тоневски.
РЕЗУЛТАТИ: Победа – Кратово 1:1, Каршијака – Енхалон 6:4, Университи – Шкендија одложен, Проект – Јувентус 5:6, Партизан – Балкан 8:12, Мал Ајакс – Скопје 7:1, Конзули – Кораби 3:6,
ТАБЕЛА: Проект 39, Кораби 37, Јувентус 36, Кратово 23, Енхалон и Балкан 21, Партизан 20, Каршијака 19, Шкендија и Университи 16, Мал Ајакс 15, Победа 14, Скопје и Конзули 13.
СЛЕДНО 16. КОЛО: Балкан – Победа, Енхалон – Конзули, Кораби – Мал Ајакс, Скопје – Партизан, Кратово – Проект, Јувентус – Университи, Шкендија – Каршијака.