Шах

ДЕТЕ ГИ ПОБЕДИ СИТЕ!

Победник на Брзопотезниот турнир „Кривогаштани 2024“ е Никола Павлески. Иако има само 14 години, успеа да стигне до првото место со 7 поени на 7 партии. Сепак, ова не е изненадување, ако се земе предвид дека и на стартната листа Павлески беше прворангиран. Турнирот се смета и за првенство на Кривогаштани, така што второпласираниот Благоја Колески е најдобар меѓу учесниците од оваа општина. Тој, всушност, ја одбрани титулата првак на Кривогаштани. На турнирот имаше 17 учесници, од сите возрасни категории – пионери, младинци, сениори, ветерани над 70 години.

Конечен пласман: Никола Павлески 7 поени, Благоја Колески 6, Александар Аљакоски 5, Зоран Заткоски, Зоран Блажески и Цане Стојчески 4 итн.  

Одличен организатор е Општината Кривогаштани.

Од категоријата

ПРИЛЕП ГО ДОБИ ВТОРОТО ДЕРБИ

Зоран Иге

ПРИЛЕП АТАКУВА НА МЕДАЛ!

Зоран Иге

НАШИОТ ВЕЛЕСКИ СОБОРИ ТРОЈЦА ХРВАТИ И ТУРЧИН

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе