Фудбал

ПРИЛЕП: И НА 60 ГОДИНИ ВОЗРАСТ СЕ ИГРА ФУДБАЛ!

Одамна се знае што фудбалот претставува за Прилеп, па во овој спорт и ден-денеска можат да се забележат секакви чуда. На мечот од 14. рунда на Б-лигата од ОФС Прилеп, Корзо – Прилеп сити 2:2, во домашната екипа го забележавме Коце Анѓелески. Тој наскоро ќе наполни 60 години! Веројатно нема постар од него не само во рамките на ОФС Прилеп, ами и пошироко. Во неделата, на теренот кај Могилата, го одигра целиот натпревар.

-Играм од 1979 година, речиси без прекин. Со тренинзи почнав во младинскиот тим на 11 Октомври кај тренерот Благоја Башески, а играв за Гарван од Десово, Пауза имав само кога бев во војска, 1983 година. Сум сменил 18 екипи, а имам добиено само 5 црвени картони – раскажува за кариерата Анѓелески.

Инаку, во екипата Корзо има регистриран играч – Киро Наумоски, кој е уште постар (63 години), но тој нема се уште настапено. Пред  четири-пет години на истата возраст (60 години) за Мажучиште играше Благоја Наумчески – Пајчето.

Од категоријата

(резултати, состави) ПРИЛЕПЧАНИ СО КРЕНАТИ ГЛАВИ ОД ТЕТОВО!

Зоран Иге

(резултати, стрелци) ЛИДЕРОТ КУРТУЛИ ВО 90. МИНУТА!

Зоран Иге

ОДМОР УШТЕ ТРИ ДЕНА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе