Фудбал

(резултати, стрелци) ЕКИПА СО ЧЕТИРИ ИГРАЧИ, ЦРВЕН КАРТОН ЗА СТРЕЛЕЦОТ…

И натаму големи возбудувања во Третата фудбалска лига – Југ. Денеска беше 17. коло. На дербито во Велес, Борец – Превалец 2:1. Поведе Борец со голот на Пеце Стојанов во 15. минута, израмни Иванче Давитков во 40, а победоносниот гол е од Трајче Трајков во 73. Во Кривогаштани, Младост – Големо Коњари 1:1. Гостите поведоа од пенал преку Борче Сркески во 12. минута, домашните израмнија со голот на Дарко Чапкуноски во 62. Во 88. минута црвен картон е доделен на стрелецот од гостинскиот тим, Борче Сркески. Еден меч не се одигра, во Лажани, Слога – Марена. Од гостите допатувале само четворица фудбалери со автомобил, а другите имале дефект на возилото.

РЕЗУЛТАТИ: Младост – Големо Коњари 1:1 (Дарко Чапкуноски – Борче Сркески), Слога – Марена неодигран, Бучин – Росоман 2:3 (Благојче Ефтинџиоски 2 – Слободан Дуков 2, Бојан Миланов), Ултрас – Питу Гули 1:3 (Бобан Тошески – Беким Алимоски 2, Ѓорѓи Стрезовски), Борец – Превалец 2:1(Пеце Стојанов, Трајче Трајков – Иванче Давитков).

ТАБЕЛА: Борец 36, Росоман 33, Големо Коњари 31, Превалец 30, Питу Гули 24, Слога 22, Младост 19, Ултрас 14, Марена 11, Локомотива 10, Бучин 7.

СЛЕДНО 18. КОЛО (21 април во 15 часот): Големо Коњари – Борец, Марена – Младост, Превалец – Ултрас, Питу Гули – Локомотива, Росоман – Слога.

Од категоријата

ПРЕСВРТ ВО ПОЛЗА НА ЦЕВИТАНА ВО БИТОЛА!

Зоран Иге

ДЕНОВИВЕ ПРВИТЕ ПРИСТАПНИЦИ ВО ПОБЕДА

Зоран Иге

РЕМИ НА ПОБЕДА СО СИЛЕН ГОСТИН (ВИДЕО)

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе