Фудбал

КОЈ ОТПАЃА, А КОЈ ВО БАРАЖ?

На пет кола до крајот на Првата женска фудбалска лига не се знае кој ќе биде шампион (Саса од Каменица има два бода предност пред Љуботен од Тетово), а од прилепски агол гледано интересна е борбата за опстанок (последниот тим отпаѓа, претпоследниот игра бараж).

Во врска со опстанокот, баражот и отпаѓањето, најзасегнати се екипите Топ гол (Битола) со 18 бода, Цевитана (Прилеп) и Речица (Куманово) со по 13. До крајот на првенството, Топ гол игра дома со Ас унитед и Љуботен – гостува на Саса, Шкендија и Скопје, екипата Цевитана дома игра со Ас унитед, Речица и Саса – гостува на Љуботен и Тиверија, додека Речица дома се среќава со Истатов, Ас унитед – гостува на Скопје, Цевитана и Љуботен. Последениот на табелата отпаѓа во Втората лига, а претпоследниот игра бараж против второпласираниот второлигаш, Вардар од Скопје. Нов прволигаш е Атлетико од Битола.  

ПРВА ЛИГА, 22. КОЛО: Топ гол – Цевитана 3:0, Ас унитед – Истатов, Љуботен – Скопје, Речица – Шкендија 3:0, Тиверија – Саса 1:3.

ТАБЕЛА

СЛЕДНО 23. КОЛО: Цевитана – Ас унитед, Истатов – Љуботен, Скопје – Речица, Шкендија – Тиверија, Саса – Топ гол.

 

 

Од категоријата

КОИ КОМПАНИИ ПРЕГОВАРААТ ЗА ВЛЕЗ ВО ПОБЕДА?

Зоран Иге

(резултати, стрелци) ДЕРБИТО СО ПРЕСВРТ, ИЗНЕНАДУВАЊЕ ВО ЛАЖАНИ, ГОСТИНСКИ ТРИУМФ НА УЛТРАС!

Зоран Иге

ПРИЛЕПСКИ КЛУБ ИМА ПОТРЕБА ОД НОВИ ФУДБАЛЕРИ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе