На игралиштето со вештачка трева во Прилеп, Цевитана – Речица 0;3, во 25. коло од Првата женска фудбалска лига на Македонија. Испуштена шанса на прилепската екипа да се одлепи од дното на табелата. Стрелци: Катерина Милеска автогол, Емили Митковска и Бисера Јовановиќ. До крајот на првенството остануваат уште две кола. Последната екипа отпаѓа, претпоследната игра бараж-меч за опстанок со скопски Вардар.
РЕЗУЛТАТИ 25. КОЛО: Цевитана – Речица 0:3, Шкендија – Топ гол 3:0, Скопје – Саса 0:1, Истатов – Тиверија 1:1, Ас јунајтед – Љуботен 1:4.
ТАБЕЛА: Љуботен 66, Саса 65, Ас јунајтед 48, Тиверија 43, Скопје 41, Шкендија 25, Истатов 22, Речица 19, Топ гол 18, Цевитана 13.
ПРЕТПОСЛЕДНО 26. КОЛО: Тиверија – Цевитана, Топ гол – Љуботен, Речица – Ас јунајтед, Саса – Истатов, Шкендија – Скопје.