Деновиве во Големо Коњари имаше акција за донирање тутун од страна на жителите на Големо Коњари за поддршка на својот фудбалски клуб. Од клубот изразија задоволство од одзивот. Ова може да се смета како потврда дека овој клуб сериозно се подготвува за пролетниот дел од Третата лига – Југ, каде ќе има задача да го задржи првото место и да се доближи до целта – Втората лига.
Големо Коњари во минатото имаше второлигаш под името Братство, а во тој ранг учествуваше во почетокот од деведесеттите години на 20 век.