Во плејаутот од Супер-лигата за мажи, екипата Прилеп со високи 42:34 како гостин го совлада Вардар во Неготино. По ова, Прилеп со 33 бода се врати на врвот од табелата. Дали таму ќе остане и на крајот, зависи од денешниот меч на Еурофарм Пелистер 2 дома со скопски Голден арт. Доколку, според очекувањата, битолскиот тим победи, Прилеп и Пелистер Еурофарм 2 би имале по 33 бода, па за првото место ќе одлучува последното коло на 1 јуни. Тогаш во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ ќе се одигра дербито меѓу овие два тима, по кое ќе се знае првакот.
ТАБЕЛА: Прилеп 33, Еурофарм Пелистер 2 – 30, Куманово 29, Мултиесенс 23, Вардар Н. 21, Голден арт 16, Скопје 6, Аеродром –10.
ЖЕНИ
Супер-женската лига е на самиот крај. Екипата Деспина дома со 22:31 загуби од скопски Вардар, а на гости со 22:21 од Пелистер во Битола. Прилепскиот тим првенството го заврши со 10 победи, 1 нерешен меч и 15 порази, со 31 бод, за место во средината од табелата.
ТАБЕЛА: Ѓорче Петров 76, Металург 67, Чаир 64, Вардар 61, Куманово 57, Стружанка 40, Пелистер 34, Деспина 31, Скопје 30, Спартак 28, Овче Поле 19, Астибо 12, Шампион 7, Гевгелија 3.