Карате

(фото, видео) ПРИЛЕП ГИ СОБРА СИТЕ МАКЕДОНСКИ ЛЕГЕНДИ!

Во преубаво место, ресторанот „Лаки“ во околината на Прилеп, се одржа Третата средба на Унијата на карате-ветерани на Македонија. Присуството беше масовно, од многу македонски градови каде се негувал и се уште се негува овој индивидуален спорт, вештина. Објект полн со гости, на задоволство на домаќините, предводени од Љупчо Кафеџиоски – Кафето, потпретседател на Унијата.

 


 

Беше прекрасно да се биде сведок на програмата. Во присуство на првиот човек, претседателот на Унијата, проф. д-р Чедомир Саздовски, беа доделени високи признанија, благодарници, беа спомнати многу значајни имиња од минатото, меѓу нив не само каратисти, туку и тренери, водечки членови на клубови и на некогашниот Карате сојуз на Македонија, сега Карате федерација на Македонија.

Потсетувањето беше за почетоците на овој спорт, за развојот, за врвните достигнувања, за освоените медали во некогашната Југославија, како и за настапите низ Европа и светот, по осамостојувањето на Македонија. Воздишки и силни емоции предизвика прикажувањето на документарниот филм за каратето, сниман дполги пет години низ цела Македонија.

До следната средба следат активности на Унијата за натамошна популаризација на овој спорт и кон привлекување на нови млади каратисти.

ВИДЕО

Од категоријата

ЛЕГЕНДИТЕ ОД 20 ВЕК АКТИВНИ И ДЕНЕС!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе