100 години фудбал во Прилеп

ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА НА „НОРЧИЈА-КУПОТ“

По освојувањето на првата титула шампион на Македонија, екипата Победа доби повеќе понуди за учество на меѓународни турнири. Така, прифати да е дел од „Норчија-купот“ во истоименото гратче во регионот Умбрија, во провинцијата Перуџа, Италија, од 8 до 18 февруари 2005 година.

На турнирот беа 8 тима во две групи. Победа беше во Б-групата, со Орадеа и Васлуи од Романија и Љубљана од Словенија. Првиот меч прилепскиот тим го доби со 5:0 против Љубљана. Стрелци: Благоја Гешоски 2, Сашо Крстев 2 и Переира де Соуза Емерсон. На вториот меч Победа со 0:3 загуби од Орадеа, а на третиот со 0:2 од Васлуи. Така, имајќи ја предвид табелата (Орадеа 9 бода, Васлуи 6, Победа 3, Љубљана 0), Победа одигра за пласман од 5 до 8 место. На мечот со Бела Краина од Словенија загуби со 0:1 и така го заврши учеството.

Настапија: Дарко Тофилоски, Жељко Ѓокиќ, Сулаимон Омо, Димитар Капинковски, Благоја Дамевски, Тони Мегленски, Владимир Вујовиќ, Николче Здравески, Оливер Апостолоски, Сашо Крстев, Благоја Гешоски, Сашо Здравевски, Зоран Шалевски, Марјан Нацев, Никола Стисниовски, Благојче Ѓорѓиоски, Борче Маневски, Драган Димитровски, Переира де Соуза Емерсон, Горан Пашовски, Жељко Ѓокиќ. Тренер: Петар Курчубиќ.

Првото место го освои Поли Униреа Јаши од Романија.

Од категоријата

ОТКАКО ВО ШТИП ДАДОА 4 ГОЛА, ВО ПРИЛЕП ПРИМИЈА 11

Зоран Иге

ФУДБАЛ ВО ГОЛЕМА ПРАШИНА

Зоран Иге

СИТЕ НА НОЗЕ, МИСЛЕА ОТИ СЕ СВИРИ ХИМНАТА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе