Сезоната за пријателски, подготвителни мечеви почна и за прилепска Победа. Попладнево на Градскиот стадион „Гоце Делчев“, Победа – Вардар Н. 0:1. Тимот од Неготино победи со голот на Петар Најдов во 31. минута. Имаше многу шанси на двете страни, а падна само еден гол пред очите на околу 200-300 гледачи. Резултатот секако е во втор план, а многу побитна играта за двата тренера, Јане Николоски и Горан Тодорчев коишто ја искористија приликата да ги испробаат сите првотимци кои им се на располагање. Во екипата Победа од пролетоска нема тројца – Христијан Поп-Антоски, Никола Сарески и Дестан Адили, а нови се четворица – Матеј Ѓурчиновски (Слога Виница), Никола Талески (Беласица). Амир Фејзуловски (Детонит) и Мартин Андоновски (Кожуф).
ПОБЕДА: Столевски, Кофиловски, Ивчески, Ристов, М. Талески, Богевски, Да. Спиркоски, Д. Дебрешлиоски, Фејзуловски, Д. Шаркоски, Н. Талески. Уште играа: Шемкоски, Миланоски, Андоновски, Табаковиќ, Л. Петејчук, Крајоски, Тасески, Новески, Г. Димоски, Паскоски, Митрикески, Арифи, С. Спиркоски, Ѓурчиновски, И. Трајкоски.
ВАРДАР Н.: Вргов, Најдов, Петковски, Стојковски, Павлески, Крстев, Обадиќ. Јордановски, Тодоров, Спасов, Шишков. Уште настапија: Ј. Стојанов, Х. Стојанов, Ѓорѓев, Смилков, Смилковски, Донов, Манчев, Младеновиќ, Ристов.
Следниот тест-меч за Победа е в среда во 18 часот, дома, со гевгелиски Кожуф.