Моделарство

МАЛИ, А ЗЛАТНИ БРАЌА ОД ПРИЛЕП!

Во Валчитрн, Бугарија, беа два светски купа во воздухопловно моделарство, на кои учество зедоа претставници на клубот Фил феникс од Прилеп. На Светскиот куп “Меморијал Николај Николов” Лука Најдоски го зграби златото кај јуниорите во Ф1А (едрилици). На вториот Светски куп “Бугарија куп” брат му Дино Најдоски во Ф1А кај јуниорите беше втор, а во Ф1Х (помали едрилици) прв кај јуниорите, втор кај сениорите.

Лука Најдоски има шанси за медал и во генералниот пласман во Ф1А, каде што меѓу 54 најдобри од целиот свет е на трето место со 2055 поени. Погоре од него на табелата се само двајца – Срѓан Врањеш од Босна и Херцеговина со 2066 поени и Томаш Језиорни од Полска со 2391. Досега беа 45 светски купа – меѓу кои „Прилеп куп – Трофеј на Прилеп“на 3 и 4 август, а остануваат уште 14 – меѓу кои „Македонија куп“ во Прилеп на 28 септември.

СЛЕДИ СВЕТСКИ КУП ВО ДРОНОВИ

Претстојниот викенд (14 и 15 септември) на теренот од стадионот „Могила“ во Прилеп е Светскиот куп во летови со мултиротори (дронови), организиран од клубот Фил феникс и ВФМ (Воздухопловната федерација на Македонија), според календарот на ФАИ (Интернационалната воздухопловна федерација). Учествуваат 23 пилоти од седум држави. Македониците од Скопје – Бојан Ников, Александар Ников и Бошко Петрески (последниов со прилепски корени), имаат ривали од Кина, Чешка, Србија, Турција, Бугарија и Унгарија. Бојан Ников лани го освои златниот медал. Според тоа, претстои голема битка кон освојување нови поени за светската листа од ФАИ. Гледачите ќе можат од трибините да уживаат во трките на дрновите кои развиваат брзина и до 150 километри на час.

Натпреварите со дронови во Прилеп се со традиција од 2016 година, а светските купови од 2017.

Од категоријата

(фото, видео) ПРИЛЕПСКА ТРКА СО 200 КМ. НА ЧАС – ТУРЧИН ПРВ, МАКЕДОНЕЦ ЧЕТВРТИ!

Зоран Иге

ВО ПРИЛЕП БОРБА НА АМЕРИКАНЦИ ПРОТИВ КИНЕЗИ!

Зоран Иге

ПРИЛЕПЧАНЧЕТО ЛУКА ПОДОБРО ОД 37-МИНА НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе