На теренот со вештачка трева во Прилеп беа два дуела од 2. рунда на Супер-лигата на Македонија за млади категории фудбалери. Се сретнаа екипи на прилепска Победа и Македонија ЃП од Скопје.
МЛАДИНЦИ
Во мечот меѓу младинците, Победа – Македонија ЃП 3:4. Екипата Победа беше многу посилна во однос на првото коло кога со висок резултат загуби од скопски Работнички, бидејќи во своите редови имаше играчи кои се и во сениорскиот тим, како Димитар Шаркоски, Кристи Крајоски, Дарио Спиркоски, Давор Богевски, Давид Паскоски, Салим Арифи… Беше борбено, неизвесно и драматично до крајот. Стрелци: Салим Арифи во 15. и 68. од пенал, Кристи Крајоски во 75. (Победа) – Матеј Ѓорѓиевски во 33., Лука Макалоски во 38., Никола Божиновски автогол во 72., Димитар Мартиновски во 82. минута (Македонија ЃП).
ВИДЕО (голот од пенал на Салим Арифи)
КАДЕТИ
И кадетскиот тим Победа се покажа во подобро издание во однос на стартното коло кога убедливо загуби од Работнички. Денеска беше прилично рамноправна игра, а сите три гола паднаа во првото полувреме. Победа – Македонија ЃП 1:2. Стрелци: Кирил Тасески во 53. (Победа) – Мартин Џангаровски во 16., Марио Костиќ во 44. минута (Македонија ЃП).
Утре во Скопје се дуелите на помладите и постарите пионери од двата клуба.