Фудбал

ПОБЕДА И ПРИЛЕПСКАТА ПУБЛИКА ПРОТИВ СИЛНИОТ АРСИМИ!

Среда од 15 часот е 4. рунда од Втората фудбалска лига на Македонија, во тие рамки и мечот Победа – Арсими, на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп. Се очекуваат многу гледачи, домашни навивачи, од најмалку две причини. Првата е што Победа е во залет, по освоениот вреден бод во Струмица кај Беласица. Втората причина за многу публика е гостинскиот силен тим на Арсими, кој собра 9 бода есенва, само еден помалку од водечките Македонија ЃП, Брегалница и Кожуф. Пролетоска во Прилеп успеа да победи со 3:0, а сега е на потег Победа да се покаже во подобро издание.

Главен судија на мечот е Христијан Божиновски, помошници Дарко Видиниќ и Милан Петров, четврти судија Иле Никодиноски, контролор Коле Василев (сите од Скопје), делегат Венцо Зафиров (Штип).

ДВОЈКИ ОД 4. КОЛО (среда во 15 часот): Победа – Арсими, Вардар Н. – Охрид, Башкими – Беласица, Новаци – Македонија ЃП, Саса – Борец, Вардарски – Брегалница, Осогово – Детонит, Скопје – Кожуф.

ТАБЕЛА: Македонија ЃП, Брегалница и Кожуф 10, Арсими и Башкими 9, Детонит 7, Новаци 6, Скопје 5, Победа и Вардар Н. 4. Беласица и Борец 3, Вардарски, Саса и Осогово 2, Охрид 1.

Од категоријата

УТРЕ СО ВОСКА!

Зоран Иге

(фото, состави, стрелци) СО ГОЛОТ НА КУКЕСКИ ПОБЕДА СО БОД СЕ ВРАЌА ОД СТРУМИЦА!

Зоран Иге

МЕЧОТ ЌЕ ПОЧНЕ ОД 19. МИНУТА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе