Жешка атмосфера денеска беше на мечот Победа – Арсими, во 4. рунда на Втората лига. Гостите победија со 2:1, но тешко, претешко стигнаа до трите бода. Силно навивање беше од трибината, налик на вулкан. Но, искусната екипа Арсими издржа. Поведоа гостите со 2:0, преку Албин Рамадани во 49. и Бесарт Реџепи во 52. минута, а борбената домашна екипа преку Никола Талески намали на 1:2 во 60. минута. До крајот многу опасни акции и шанси на двете страни, но немаше промена на резултатот.
Иако немаше голови во првиот дел, за одбележување се серија шанси на двете страни. Јунак во овој период беше домашниот капитен, голманот Антонио Столевски, кој одбрани шутеви одблиску.
ПОБЕДА Столевски, Ивчески, Андоновски (75. И. Трајкоски), Н. Талески, Д. Дебрешлиоски (68. Арифи), Јошески, Д. Шаркоски, Кукески (75. Ангелковски), Кофиловски (58. Ристов), Ѓурчиновски, Богевски. Тренер: Јане Николоски.
АРСИМИ: Ислами, Авдули, Мустафа, Абдија, Реџепи, Шефити, Рамадани (87. Биљали), Зеќири, Бајрами (62. Асани), Дардишта (77. Цуцули), Алити. Тренер: Љабинот Муслиу.
РЕЗУЛТАТИ 4. КОЛО: Победа – Арсими 1:2, Вардар Н. – Охрид 0:1, Башкими – Беласица 1:1, Новаци – Македонија ЃП 0:0, Саса – Борец 2:0, Вардарски – Брегалница 1:2, Осогово – Детонит 1:3, Скопје – Кожуф 1:1.
ТАБЕЛА: Брегалница 13, Арсими 12, Македонија ЃП и Кожуф 11, Башкими 10 и Детонит 10, Новаци 7, Скопје 6, Саса 5, Победа, Вардар Н., Охрид и Беласица 4, Борец 3, Вардарски и Осогово 2.
СЛЕДНО 6. КОЛО (28 септември во 14 часот): Победа – Охрид, Вардар Н. – Башкими, Новаци – Беласица, Саса – Арсими, Вардарски – Македонија ЃП, Осогово – Борец, Скопје – Брегалница, Кожуф – Детонит.