Во Втората фудбалска лига на Македонија е 6. рунда. В сабота (14 ч.) на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп е мечот Победа – Охрид. Екипата Победа во период од четири дена е пред втората домашна шанса за триумф. Тимот Охрид откако во средата изненади со победа во Неготино со Вардар, сега доаѓа оптимистички и во Прилеп. Лани есента охриѓаните зедоа бод од прилепскиот терен, дали Победа утре тоа ќе им го дозволи? Претстои интересен меч за публиката, имајќи предвид дека двата тима есенва освоија по 4 бода.
ДВОЈКИ 6. КОЛО (сабота, 28 септември во 14 часот): Победа – Охрид, Вардар Н. – Башкими, Новаци – Беласица, Саса – Арсими, Вардарски – Македонија ЃП, Осогово – Борец, Скопје – Брегалница, Кожуф – Детонит.
ТАБЕЛА