Фудбал

СЕЛЕКТОРОТ ПО ДОЛГИ 15 ГОДИНИ ДОАЃА ВО ПРИЛЕП!

Тешко е да се сети некој кога последен пат некогашниот селектор на Македонија, Ѓоре Јовановски – сегашен тренер на Вардарски од Богданци, има гостувано во Прилеп, на Градскиот стадион „Гоце Делчев“. Сигурно во прашање е долг период. Според она што како податоци го имаме на располагање, неговото последно појавување како тренер на теренот во Прилеп против прилепски тим е пред 15 години, во 2009 година. На 22 април 2009 година во улога на тренер на скопски Металург беше на мечот со Победа, во Првата фудбалска лига на Македонија. Мечот заврши 1:1. Тренер на Победа беше Србинот Небојша Петровиќ.

Таа 2009 година, на 14 јуни, Ѓоре Јовановски уште еднаш беше на теренот во Прилеп, но против штипска Брегалница, совладана со 5:1 во бараж-мечот за опстанок во Првата лига. Оттогаш наваму овој тренер има уште три прволигашки дуели против прилепски ривали, но не во Прилеп. На 4 ноември 2011 во Струмица ја водеше тетовска Шкендија против прилепски 11 Октомври, завршен со 2:2. На 6 мај 2018 во Скопје го водеше Работнички кој со 4:2 ја совлада Победа, а на 26 август 2018 пак Работнички кој со 2:0 ја совлада Победа, во Битола.

Сега за Ѓоре Јовановски, како тренер на Вардарски, претстои второлигашки меч со Победа на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп, в сабота од 13 часот.

 

Од категоријата

КОРЕКЦИЈА ОД 140 КИЛОМЕТРИ

Зоран Иге

(фото, состави, резултати) ПОБЕДА Е ПОГОРЕ НА ТАБЕЛАТА!

Зоран Иге

(ВИДЕО) БАБУНСКИ: ФУДБАЛЕРИТЕ ДА СЕ ВО СОСТОЈБА ДА ИГРААТ И БЕЗ МНОГУ ИНСТРУКЦИИ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе