Фудбал

ПРИЛЕП: ФУДБАЛ ВО ЖИВО НА ВЕШТАЧКА ТРЕВА, ПРЕКУ МОБИЛЕН ВО – КОЧАНИ!

Долги три недели прилепските фудбалски љубители ќе бидат без второлигашки фудбал дома, со оглед на тоа што последниот меч на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ беше на 2 ноември (Победа – Вардарски 6:2). а следниот е дури на 23 ноември (Победа – Скопје), така што оние што не можат без оваа игра ќе седат на трибината крај игралиштето со вештачка трева. Таму за утре (недела) е богата програма: во 10 часот Победа – Њу старс Скопје за помлади пионери, во 12 часот Победа – Њу старс за постари пионери, во 14 часот Ултрас – Слога од Третата лига – Југ.

Во рамките на Супер лигата на Македонија за млади категории фудбалери, денеска Њу старс – Победа 13:0 (Матеј Киш 2, Марко Блажески 5, Леон Стефановски, Филип Зајков, Матеј Славевски 2, Лука Тасевски, Јован Павловиќ) за кадети, а Њу старс – Победа 4:2 (Александар Грашески, Валентин Блажески, Леон Стефановски, Стефан Милчевски – Салим Арифи, Давид А. Паскоски) за младинци. На оние што се поупатени, јасно им е дека резултатите се одраз на тоа што во Победа сите сили се насочени кон сениорскиот тим во Втората лига.

Според утрешната програма, гледачите на вештачката трева ќе можат да гледаат пред себе мечеви од 10 до 16 часот, а од 13 до 15 часот преку мобилен и се она што се случува во Кочани, на второлигашкиот дуел Осогово – Победа.

Од категоријата

МИНИЈАТУРНО ГОЛМАНЧЕ ДЕ ГЕА ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

КОЈ ОТПАЃА, А КОЈ ВО БАРАЖ?

Зоран Иге

ЗАВРШИ ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ САСА – ПОБЕДА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе