На фудбалски најзагреаните прилепчани тешко им минува долгата пауза без да ја гледаат својата Победа на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ како домаќин на првенствен меч. Во рамките на Втората лига на Македонија овојпат паузата е три недели, од 2 ноември (Победа – Вардарски 6:2) до 23 ноември (Победа – Скопје). Така е затоа што прво беше гостувањето кај Осогово во Кочани, потоа и одморот поради настапите на репрезентацијата на Македонија.
Така, сите погледи се кон претстојниот дуел Победа – Скопје. Домашниот тим со поддршка на навивачите ќе има можност да се оддели бодовно од гостинскиот, а и да напредува на табелата повисоко од 12. место.
ДВОЈКИ 13. КОЛО (сабота од 13 часот): Победа – Скопје, Македонија ЃП – Вардар Н., Арсими – Борец, Беласица – Брегалница, Охрид – Детонит, Башкими – Кожуф, Новаци – Осогово, Саса – Вардарски.
ТАБЕЛА: Македонија ЃП 29, Брегалница 27, Башкими 26, Арсими 23, Охрид 21, Кожуф, Детонит и Саса 18, Беласица 16, Новаци 14, Скопје и Победа 13, Вардар Н. 11, Осогово 8, Борец 5, Вардарски 2.
———————————–
СЕ ОД ПРАВОСЛАВИЕТО: ПОРАЧКИ НА СИТЕ ИКОНИ НА 076 502 403