Шах

ДВАЈЦА ПРИЛЕПЧАНИ ЈА ПРЕТСТАВУВААТ МАКЕДОНИЈА НА „ТРОФЕЈОТ НА БЕЛГРАД“!

Стартуваше 37. издание на престижниот шаховски „Трофеј на Белград“. Меѓу 166 шахисти од 22 држави се и двајца прилепчани, единствени претставници од Македонија – велемајсторот Звонко Станојоски и фидемајсторот Роберт Велески. На стартното рангирање Станојоски (кој двапати го има освоено турнирот) е на 4. место, веднаш под ВМ Андреј Шекачев (Франција), ВМ Михаил Брјакин и ВМ Суат Аталик (Србија), а Велески е на 27. место.

Одиграно е 1. коло, во кое Станојоски постигна победа против Јасасви Кришна Боми (Индија), а Велески го совлада Љубиша Маслар (Србија). На денешното 2. коло Станојоски игра со Батор Жамбалов (Русија), Велески со Стефан Тасковиќ (Србија).

Турнирот што се одржува во Нов Белград е со девет кола и завршува на 1 декември.

 

СЕ ОД ПРАВОСЛАВИЕТО: ПОРАЧКИ НА СЕКАКВИ ИКОНИ

НА 076 502 403

Од категоријата

ПУЛА: ВЕЛЕСКИ МЕЃУ РИВАЛИ ОД 32 ЗЕМЈИ!

Зоран Иге

ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ ВЕЛЕСКИ НАЈБЛИСКУ ДО ФАВОРИТОТ ОД АНГЛИЈА

Зоран Иге

ПРИЛЕП СО НАЈГОЛЕМ УСПЕХ ДОСЕГА

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе