Вечерва со мечевите од 5. коло продолжи плејаутот од Супер лигата во ракомет за мажи. Поради немање сала во Струга, дуелот Струга – Прилеп беше во салата од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп. Така, прилепскиот тим само формално ја имаше улогата гостин, бидејќи одигра пред својата публика од која има редовно силна поддршка. Оттука не треба да изненадува резултатот, 25:30 во полза на Прилеп. Цело време во водство беше прилепската екипа, на полувремето со 14:9.
РЕЗУЛТАТИ ПЛЕЈАУТ 5. КОЛО: Радовиш – Пролет 24:26, Струга – Прилеп 25:30, Куманово – Борец (четврток од 19.30 ч. во Куманово).
ТАБЕЛА: Пролет 11, Прилеп 9, Куманово 5, Радовиш, Борец и Струга 4.
СЛЕДНО 6. КОЛО (4 мај): Борец – Прилеп, Радовиш – Куманово, Струга – Пролет.