Се одиграа мечевите од 26. коло на Втората лига на Македонија. Во Богданци, Вардарски – Победа 0:1. Стрелец е Филип Димоски во 90. минута по асистенција на Мартин Талески од десната страна. Претходно и двете екипи имаа шанси, но голманите Филип Лазаревски и Иван Николоски спречија удари одблизу.
Подолу објавуваме фотографии што ни ги испрати Рубин Алексоски, службениот претставник на Победа. Тој не информира дека прилепскиот тим планирал да настапи во црвени дресови, во нив било и загревањето, но поради црвениот дрес на домашниот голман, Победа била приморана да биде во бели дресови.
ВАРДАРСКИ: Лазаревски, Миленковиќ, Бејков, Домазет (54. Радевски), Јакимовски (54. Ашовалиев), Илиевски, Софијаноски (79. Мендов), Трајчов, Баламов (66. Емуш), Ибрахими, Ристов (79. Карамитров). Тренер: Бојан Захариев.
ПОБЕДА: И. Николоски, М. Талески, Ивчески, Казимоски, А. Петрески (78. Г. Димоски), Исмаил (56. Љумовиќ – 93. Арифи), Каба, П. Петроски, Ф. Димоски (93. Крајоски), Кофиловски, Богевски. Тренер: Стојанче Дунимаглоски.
РЕЗУЛТАТИ 26. КОЛО: Вардарски – Победа 0:1, Вардар Н. – Борец 1:0, Брегалница – Македонија ЃП 0:0, Детонит – Арсими 0:0, Кожуф – Беласица 1:1, Скопје – Охрид 1:2, Осогово – Башкими 1:0, Саса – Новаци 0:0.
ТАБЕЛА: Македонија ЃП 57, Башкими 56, Арсими 55, Брегалница 52, Беласица и Охрид 39, Детонит 37, Скопје 34, Кожуф и Саса 33, Победа и Вардар Н. 30, Новаци 29, Осогово 22, Борец 13, Вардарски 11.
СЛЕДНО 27. КОЛО (3 мај во 17 часот): Победа – Осогово, Саса – Вардар Н., Новаци – Вардарски, Башкими – Скопје, Охрид – Кожуф, Беласица – Детонит, Арсими – Брегалница, Македонија ЃП – Борец.