Фудбал

БОБИ МИЛЕВСКИ: ДАЈТЕ СЕ ОД СЕБЕ!

Пред денешниот дуел Италија – Македонија од 20,45 часот во Палермо

Благоја Боби Милевски, селектор на Македонија:

– Го почитувам селекторот на Италија Роберто Манчини. Не знам како ќе биде поставена неговата игра,само знам дека ние  сме подготвени да одиграме одличен натпревар. Не случајно Манчини постигна одличен резултат како што е  титулата европски шампиони. Во врска со нашиот тим, подготвени сме, ги имаме сите на располагање и не дојдовме случајно овде. Тука атмосферата е одлична. Што ќе му кажам на тимот пред да излеземе на теренот? Забавувајте се и дајте се од  себе.Трајковски играше четири години во Палермо ќе се чувствува како дома. Несторовски е важен играч за нас, но тој не беше во состојба да  настапи. Се надевам дека ќе го вратам за следните натпревари.

Стефан Ристовски, капитен на Македонија:

– Горд сум што сум дел од оваа репрезентација.  Нема поголема мотивација за еден играч од тоа да се соочи со репрезентација која штотуку го освои Европското првенство. Верувам дека можеме да избориме позитивен резултат. Дали денеска му е роденден на нашиот селектор? Не знаев. Се надеваме дека ќе му подариме добар резултат.

Роберто Манчини, селектор на Италија:

– Во оваа група од четири репрезентации сите почнуваат со исти шанси затоа што  сите натпревари стартуваат од 0:0. Сите мечеви мора да се играат и  мислам дека нема фаворит. Што се однесува до денешниот дуел, не смееме да брзаме. Ќе мора да ја играме нашата игра против тим кој победи во Германија и  нема само да се брани. Имаат добри технички квалитети и ние ќе мора да ја наметнеме нашата игра.

Потребно ни е трпение оти Македонија добро се брани. Не смее да не фати нервоза,  тогаш би било тешко.

————————————————————————————————————————–

Италија: Донарума, Флоренци, Манчини, Бастони, Емерсон, Барела, Жоргињо, Верати, Берарди, Имобиле, Инсиње.

Македонија: Димитриевски, С. Ристовски, Велкоски, Муслиу, Алиоски, Адеми, Барди, Николов, Чурлинов, М. Ристовски, Трајковски.

Од категоријата

РАЗДЕЛБА СО ХАЛФОТ НА ПОБЕДА, ЈУНАКОТ ОД ДУБРОВНИК!

Зоран Иге

ДАМЕВСКИ ВЕРУВА ВО КВАЛИТЕТОТ И ЦВРСТИОТ КАРАКТЕР НА ПОБЕДА!

Зоран Иге

ФИНАЛЕТО Е НА НЕУТРАЛЕН ТЕРЕН!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе