Фудбал

ПОБЕДА СО НОВ ТРЕНЕР ВО СТРУЧНИОТ ШТАБ

Стручниот штаб на прилепска Победа е засилен со Благојче Дамевски, во улога на помошник на Димитар Капинковски. Тој е доскорешен нејзин фудбалер, некогашен младински репрезентативец на левата странична позиција. Најблескави години од кариерата му се од периодот кога беше капитен на прилепскиот клуб, кога го крена пехарот на шампионската титула во 2007 година.

Дамевски играше и во Финска, а по враќањето пред две години како играч и капитен му помогна на матичниот клуб да го задржи второлигашкиот статус.

Од категоријата

БОРЕЦ ДЕНЕСКА ВО КРИВОГАШТАНИ!

Зоран Иге

(видео) ПОБЕДА ЗА ГОЛ ОШТЕТЕНА ВО ШТИП!

Зоран Иге

ЕХ, ДА ИМАШЕ ВАР-СИСТЕМ ВО КУМАНОВО…

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе