Многу голови денеска на дерби-мечевите од 8. коло на Третата фудбалска лига – Југ. Во населбата Превалец во Велес домашниот тим загуби со 3:6 од неготински Вардар. Беше 0:2, па 2:2, па 2:5, на крајот 3:6. За домашните стрелци беа Бобан Атанасовски, Кристијан Маневски и Александар Крстевски, а за гостите Петар Ристовски двапати, Даниел Буровски, Кирил Неделков, Никола Вареловски и Петар Најдов. Ефикасно беше и во Црнилиште, каде домашниот тим Ново Црнилиште го совлада Големо Коњари со 4:2. Хет-трик за домашните постигна Еркан Ибраимоски, а еден гол додаде Беџахудин Сулејмани, додека за гостите погодија Зоран Мирчески и Николче Касниоски. Останати резултати: Младост – Возарци 5:0, Обршани – Динамо 0:0, Росоман – Бучин 3:1.
В недела интересно ќе биде во Неготино, каде Вардар го чека крушевско Питу Гули.