Пинг-понг

ЦРНОГОРЕЦ ГИ ЗАСИЛУВА ПРИЛЕПЧАНИТЕ

Македонскиот пингпонгарски шампион Младост 96 ќе биде засилен во пресрет на дебитантскиот настап во Трофејот на Европа, натпреварување во рамките на ЕТТУ (Европска пингпонгарска унија). Во прилепскиот клуб доаѓа Црногорецот Лука Бакиќ. Станува збор за мошне квалитетен играч, репрезентативец. Со него се верува дека екипата е доволно силна за да биде кандидат за првото место во Г-групата, каде се уште српскиот Темерин и романскиот Одорхеи. Во прилепскиот тим, покрај Бакиќ, уште е Србинот Стефан Костадиновиќ, домашните Петар Костовски, Александар Рикалоски, Андреј Лашкоски, Раиф Рустемовски Антонио Стомнароски, предводени од тренерот Гоце Тошески.

Натпреварите од Трофејот на Европа ќе се одржат на 28 и 29 мај во Одорхеи.

Од категоријата

ОСТАНАА БЕЗ ТРОЈЦА, НО НЕ СЕ ПРЕДАВААТ!

Зоран Иге

(фото) СКОПЈАНИТЕ СОВЛАДАНИ ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

ПРИЛЕП Е БЛИСКУ ДО ПОВИСОК РАНГ! (фото)

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе