Фудбал

ПРИЛЕПЧАНИТЕ СЕ НАВИКНУВААТ НА ПРВОЛИГАШКИ ФУДБАЛ

Брегалница – Работнички во Прилеп

Денешниот фудбалски натпревар Брегалница – Работнички наместо во Штип ќе се одигра на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп. Станува збор за меч од 26.коло на Првата фудбалска лига, што значи прилепчаните ќе можат да гледаат прволигашки фудбал. Екипата на прилепска Победа веќе четири години е во второлигашкиот ранг, со амбиции наесен да се врати во прволигашкото друштво. Но, прилепската публика со време се навикнува да ги гледа прволигашките дуели. Есеноска во Прилеп се одигра дуелот Тиквеш – Шкендија (0:0), а денеска од 15 часот е Брегалница – Работнички, шестиот со осмопласираниот на табелата.

Штипскиот тим не може да игра дома поради реновирањето на теренот во Штип, така што и претходниот меч со Ренова (2:2) се одигра настрана, во Скопје.

Од категоријата

ПЕТ ФУНТИ ВЛЕЗНИЦА ЗА ПОБЕДА!

Зоран Иге

(резултати, стрелци) НОВИ ДЕСЕТ БОДА ЗА ПОБЕДА!

Зоран Иге

ПОБЕДА СЕ СЕЛИ НА ДРУГ ТЕРЕН!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе