Кај нас ретко се игра фудбал во понеделник, а денешниов ден е исклучок. Попладнево се мечевите од 14. коло на Третата лига – Југ. Најинтересно е во Неготино, каде лидерот на табелата Вардар го дочекува Големо Коњари. Дуелот е интересен затоа што неготинците се во улога на гости на сопствениот терен, бидејќи во 1. коло беа „домаќини“ во Големо Коњари. Тогаш Вардар успеа да победи минимално со 3:2, па се очекува силен отпор на големокоњарците и денеска, со оглед на тоа што тимот е високопласиран, на 5. место, со само два пораза. Останува да се види дали лидерот ќе продолжи со успесите, по 10-те победи и две нерешени, беа ниеден пораз. Натпреварот, како и сите останати, попладнево е со почеток во 17 часот.
ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА: Питу Гули – Обршани, Младост – Марена, Ново Црнилиште – Росоман, Големо Коњари – Вардар, Возарци – Бучин и Динамо – Слога.