Фудбал

ПОБЕДИЈА СО ПОМОШ НА 46-ГОДИШЕН ГОЛМАН!

Борбен натпревар одиграа Динамо од Мажучиште и Слога од Лажани на игралиштето со вештачка трева во Прилеп, во рамките на 14. коло од Третата фудбалска лига – Југ. Гостите победија со 3:2, со два гола на Ферис Адемоски во 18. и 38. и еден на Адмир Угљанин во 80. минута. Неизвесно беше до самиот крај бидејќи претходно домашните двапати изедначуваа преку Славе Тодороски во 38. и Кире Наумоски во 70. Интересно е што гостинскиот гол го чуваше 46-годишниот голман Сеад Равногорац, дури 15 години повозрасен од колегата на спротивната страна Александар Поповски. Победничкиот тим не направи ниту една замена, додека ривалот изврши три.

РЕЗУЛТАТИ: Питу Гули – Обршани 3:1 (Васко Петкоски 70, Унча Бојаџиески 75, Ѓорѓи Стрезовски 82 – Никифор Ујгуноски 67), Ново Црнилиште – Росоман 2:2 (Хабијл Ибраими 45, Назми Исламоски 62 – Марко Миловановиќ 6, Илија Ристески 70).

Сообраќајка одложи три меча

Сообраќајната несреќа што се случи денеска на патот Прилеп – Кавадарци, го попречи превозот на три фудбалски екипи од Третата лига – Југ. Така Марена не отпатува до Кривогаштани да игра со Младост, Бучин не стигна до Возарци, а Големо Коњари до Неготино, каде требаше да се одигра дербито со лидерот Вардар. Дознаваме дека сите овие дуели ќе бидат одиграни на 4 мај.

 

Од категоријата

ПОЗИТИВНИ НОВОСТИ ОД ПОБЕДА?

Зоран Иге

НОВ КЛУБ СО ИМЕТО ПОБЕДА!

Зоран Иге

ДЕНЕСКА ЕДЕН ЧАС ПОРАНО НА ПРИЛЕПСКИОТ СТАДИОН!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе