Фудбал

ПРОЛЕТВА НЕ ЗНААТ ШТО Е ПОРАЗ

Вториот круг е во тек од првенството во Третата фудбалска лига – Југ, а екипата на Вардар од Неготино се уште нема пораз. На денешниот заостанат меч од 14. коло, Вардар беше „гостин“ во Неготино на Големо Коњари и постигна убедлив триумф од 3:0. Водечкиот гол го даде Кирил Неделков во 24. минута, потоа во листата на стрелците се запишаа Петар Најдов во 39. и Дане Митрев во 75. Потсетуваме, во 1. коло Вардар како „домаќин“ славеше со 3:2 во Големо Коњари.
РЕЗУЛТАТИ ОД ЗАОСТАНАТИТЕ МЕЧЕВИ НА 14. КОЛО: Младост – Марена 2:1 (Мартин Коркоски 53. и 92. – Берхан Мемедов 15.), Големо Коњари – Вардар 0:3, Возарци – Бучин 2:1 (Душко Крстевски 16., Сашко Димов 89. – Бојан Мицески 48.).

ТАБЕЛА: Вардар 35, Превалец 32, Питу Гули 28, Росоман 27, Ново Црнилиште 24, Големо Коњари 22, Марена 20, Динамо 18, Слога 16, Бучин 13, Обршани 11, Младост 10, Возарци 3.
ИДНО 16. КОЛО (8 мај 17 ч.): Ново Црнилиште – Вардар, Питу Гули – Марена, Обршани – Росоман, Младост – Превалец, Големо Коњари – Слога, Возарци – Динамо.

Од категоријата

(резултати, стрелци, табели)ПИОНЕРИТЕ НА ПОБЕДА СО 4 БОДА ОД СКОПЈЕ

Зоран Иге

ШКЕНДИЈА ВО ПРИЛЕП

Зоран Иге

ПОБЕДА ЗЕДЕ БОД ОД ШТИП БЕЗ БАБУНСКИ КОЈ Е РАСПОЛОЖЕН ДА ОСТАНЕ ТРЕНЕР!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе