100 години фудбал во Прилеп

ВИДЕО ПО ПОВОД 20 ГОДИНИ ОД ОСВОЕНИОТ КУП ЗА ПОБЕДА!

Вечерва во 20 часот, точно кога на 23 мај 2002 година започна финалето во Струмица пред преполн стадион помеѓу прилепска Победа и скопска Цементарница, на порталот Шампион.мк ќе емитуваме видео од тој важен настан од историјата на Победа – освојувањето на пехарот од Купот на Македонија. На овој начин одбележуваме 20 години од денот кога прилепскиот клуб го освои првиот и досега единствен трофеј од Купот, преку триумфот од 3:1 над Цементарница. . Стрелци беа: Толески во 79. минута за Цементарница, а М. Ѓокиќ во 20., Ќумбев во 86. и П. Ристовски во 90. од пенал за Победа. Тогаш тренер на Победа беше Мирсад Јонуз, а настапија фудбалерите: Завиша Пејиќ, Тони Мицевски, Панче Ристовски, Игор Николаевски, Дејан Батос, Панче Ќумбев, Раде Каранфилоски, Благојче Ѓорѓиоски – Баче (85. Дејви Главевски), Николче Здравески (69. Тони Мегленски), Сашо Крстев (61. Јесус да Силва Жилсон), Мирослав Ѓокиќ.

Видеото може да се гледа на овој линк:

https://youtu.be/6QT0BBs2PVM

Од категоријата

ПРВАКОТ НЕ БЕШЕ ЧУДНО ДА ПРИМИ И 5 ГОЛА ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

(фото) СЕМАФОР НА СТАДИОНОТ ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

ОТКАКО ВО ШТИП ДАДОА 4 ГОЛА, ВО ПРИЛЕП ПРИМИЈА 11

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе