Од фудбалскиот прволигаш Победа информираат дека многу скоро ќе почнат разговорите, преговорите со досегашните тренери и играчи. Проценка е дека реални се шансите сите што придонесоа за првото место во Втората, да останат со клубот и во Првата лига. Што се однесува до новите – тука приоритет е враќањето на прилепчаните кои настапуваа во други клубови, а само на неколку дефицитарни позиции да се доведат други засилувања. Сепак, сите овие планови ќе зависат од финансиската моќ. Оттука, преговорите со компаниите, потенцијални финансиери, се во тек.
Клубот најавува дека по10-15 дена ќе излезе со првите официјални информации.