Пинг-понг

ОСТАНАА БЕЗ ТРОЈЦА, НО НЕ СЕ ПРЕДАВААТ!

Утре, сабота, во романскиот град Одорхеи ќе се одржат натпреварите од Трофејот на Европа, според Европската пингпонгарска унија, куп на кој ќе учествува македонскиот шампион Младост 96 од Прилеп. Во 10 часот ќе биде дуелот со Одорхеи, во 16 часот против српскиот Темерин. Само првиот од оваа група ќе се пласира меѓу осумте најдобри во Европа. Тоа ќе е мошне тешко за прилепскиот тим, предводен од тренерот Гоце Тошески, со оглед на тоа што по откажувањето на Андреј Лашкоски уште пред еден месец, во последен момент е добиена веста дека ќе отсуствуваат Црногорецот Лука Бакиќ и Србинот Стефан Костадиновиќ.

„Како Управа дадовме се од себе за да го освоиме првото место на овој турнир. Но, се случија непредвидени работи – во четвртокот Бакиќ на еден од мечевите во црногорското првенство се повредил, додека за Стефан Костадиновиќ, неговиот матичен клуб Спартак од Суботица не му даде дозвола да настапи во Одорхеи, поради обврски во српското првенство. Претходно поради работни обврски отпадна Лашкоски. Така, останавме со Раиф Рустемовски, дојден од Шведска, штипјанецот Петар Костовски, прилепчаните Александар Рикалоски и Антонио Стомнароски. Покрај се, не се предаваме и ќе вложиме максимум за достојно претставување на градот и државата“, изјави членот на клупската Управа Златко Рикалоски, за емисијата „Спортски журнал“ на Радио Пела.

Градот Одорхеи е познат по ракометниот клуб во кој силен печат има оставено прилепчанецот Горан Кузманоски – Таста.

Од категоријата

ПРИЛЕП: ОБЈАВЕН СОСТАВОТ КОЈ ЌЕ СЕ БОРИ ЗА ТИТУЛАТА!

Зоран Иге

(фото) СКОПЈАНИТЕ СОВЛАДАНИ ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

ПРИЛЕПЧАНИ ОДИГРАА ШАМПИОНСКИ ВО ШТИП!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе