Попладнево (17.30 ч,) е пријателскиот меѓународен дуел помеѓу македонскиот прволигаш Победа и албанскиот суперлигаш Егнатиа. Мечот е прв летово на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп и прва можност за фудбалските љубители да се вратат на саканото место – трибините. Прилепчаните се секогаш гладни за фудбал и без оглед на тоа што е пријателски натпревар, во голем број ќе бидат на стадионот. Љубопитноста е голема за да се види новиот тим на Победа, кадарот на кој смета тренерот Бобан Бабунски со асистентите. Вниманието особено е свртено кон новодојдените, играчот за врска Хамза Рамани од Беласица, бранителите Методија Делов од Тиквеш, Игор Паноски од Воска и Огнен Ѓурковиќ од Будуќност Добановци, левите странични Христијан Коцев од Македонија ЃП и Агон Хани од Струга. Не е исклучено да се појави уште некој нов, со оглед на претходните заминувања на Оливер Христов, Благој Истатов, Дарко Анѓелески, Борче Сркески, Давид Јошески, Марио Дебрешлиоски, Филип Димоски и Даниел Карчески.
Денешниот е четврти пријателски натпревар на Победа, по дуелите со Брегалница во Штип, Работнички во Скопје и кај Струга.