Ракомет

ВЕЧЕРВА ЛАЗАРОВ ВО ПРИЛЕП

Вечерва стартува првенството од ракометната машка Супер лига, а еден од мечевите од А-групата е Прилеп – Алкалоид. Гледачите во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп ќе имаат можност да го следат дуелот на екипите чии тренери се, за домашните Реваз Чантурија, за гостите Кирил Лазаров. Прилеп е долгогодишен суперлигаш, Алкалоид нов.

– Сигурно Алкалоид е еден сериозен проект, квалитетна екипа со неколку искусни играчи, на чело со легендата Кирил Лазаров. Ние како тим со вакви квалитетни натпревари можеме само да напредуваме. Како тренер ми е битно да има жар, борба, дисциплина, да се игра без страв, а доколку излезе шанса, да ја искористиме – вели Реваз Чантурија.

Мечот почнува во 18,30 часот.

.

Од категоријата

КОЈ ЌЕ ОДИ ВО ГРУПНАТА ФАЗА?

Зоран Иге

ПРИЛЕП ДО РЕМИ ПРЕКУ РАЈАТОВСКИ

Зоран Иге

ПРИЛЕП СО ШАНСА ЗА ПОБЕДОНОСНА СЕРИЈА

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе