Фудбал

СТРЕС ЗА ЦЕЛА ЛИГА: ГОЛЕМО КОЊАРИ СО 16 НОВИ ИГРАЧИ!

По се изгледа новото првенство од Третата лига – Југ нема да биде како претходното. Сега има нов кандидат за првото место – Големо Коњари. Од овој клуб, воден од претседателот Тони Даноски и техничкиот директор Драганчо Боцески, јавија дека во штотуку завршениот преоден рок зеле дури 16 нови фудбалери. Тие се: голманот Стефан Аљакоски, бранителот Борче Сркески, напаѓачите Христијан Митрески, Иле Митрески, Јованче Сугарески, Благојче Ристески (Победа), напаѓачите Ерџан Ибраими, Мустафа Сулејмани (Ново Црнилиште) играчот за повеќе позиции Дарио Наумовски (Велешта), дефанзивниот за врска Михо Андреевски (Братство Житоше), напаѓачите Борче Макешоски, Илија Ристески (Росоман), универзалците Петар Симоноски, Роберт Димитријески (повратници од Хрватска) и Христијан Димески (Германија). Големо Коњари се раздели со десетина играчи на кои им се заблагодари што досега чесно го носеа клупскиот дрес.

ДОАЃА ГОЛМАН СО ПРВОЛИГАШКИ КВАЛИТЕТИ

Клубот како за 16-то засилување го смета голманот кој треба да се приклучи и тогаш ќе се објави неговото име. Станува збор за чувар на мрежата со прволигашки квалитети. Тоа е витинска „бомба“ во преодниот рок.

МНОГУ ПУБЛИКА В НЕДЕЛА

Големо Коњари е место каде многу се сака фудбалот. Таму пред две-три децении вриеше од народ кога тогашното Братство играше во Втората лига, со Трајче Чолаков, Тони Даноски, Рубин Даноски, Душан Кузманоски, меѓу нив Гоце Седлоски и многу други истакнати фудбалери.  Голем интерес се очекува и в недела на вториот меч од ова првенство, кога во Големо Коњари гостува Марена. Сите очекувања се за втора есенска победа.

Мечот в недела е во 16 часот.

ТРЕНЕРОТ НАУМОВСКИ Е ОПТИМИСТ

„Со ваков силен тим и квалитетен играчки кадар, немаме друга цел освен првото место. Всушност, крајната амбиција ни е влез во Втората лига. Очекувам нашата сила да ја покажеме веќе во текот на есенскиот дел од првенството.“, изјави тренерот Тони  Наумовски.

Од категоријата

(фото, резултати, стрелци) ГОСТИТЕ СЕ ИЗНАДАВАА ГОЛОВИ!

Зоран Иге

НОВО В ПОНЕДЕЛНИК!

Зоран Иге

КОЈ Е ПОЈАК – ПРВИОТ ОД А1 ИЛИ ВТОРИОТ ОД А2-ЛИГАТА?

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе