Деспина со 31:22 го совлада Кузман Вардар од Скопје во 4. коло од Б-групата на женската ракометна Супер лига. Ова е прва победа, први бодови за прилепската екипа.
Најдобри стрелци кај Деспина беа Михаела Петреска со девет и Ева Рипилоска со осум гола, а кај Кузман Вардар се истакна Сандра Јовевска со девет. Натпреварот беше интересен поради учеството на претежно млади ракометарки во двата тима. Имаше дури и такви кои по изгледот наликуваа како да се од основно училиште. Девојчињата рано добиваат шанса во сениорската конкуренција и треба да се очекува тоа да придонесе за нивно искуство и развој.
Во следното коло Деспина е гостин на Овче Поле во Свети Николе, а Кузман Вардар е слободен.