Во 4. коло на фудбалската женска Прва лига на Македонија, екипата на Деспина со 7:0 го совлада Кочани на негов терен. Стрелци: Јана Чубриноска, Теодора Петровска и Катерина Милеска по еден,, Јована Павловска и Жељана Максимовиќ по два. Виоскиот резултат се навести уште во првото полувреме кога беше 3:0. Уште повеќе голови имаше во Тетово каде шампионот Љуботен со 14:0 славеше над кумановската Речица. Други двојки: Ас унитед (Струга) – Шкендија (Тетово) 5:2, Борец (Велес) – Истатов (Скопје) 0:8, Саса (Каменица) – Кул здравје (Скопје), Тиверија (Струмица) – Скопје 3:2.
Во следното 5. коло Скопје – Кочани, а Деспина – Љуботен.