Прилепските параглајдеристи каде и да се појават, освојуваат високи пласмани. Така, Мартин Јованоски го освои првого место на Светскиот куп во далечната Јужна Кореја. Наградата покрај златниот медал е и безмалку три милиони јужнокорејски пари, поточно два милиони и осумстотини илјади вони (нешто над две илјади евра). Меѓутоа, уште повредно од медалот, пехарот и парите, е претставувањето на Македонија на меѓународната сцена.
Поопширно на Радио Пела