Одбојка

ПРИЛЕП СОБРА СТОТИНА ОДБОЈКАРИ ОД ТРИ ГРАДА

Денеска, по повод 11 Октомври, се одржа традиционалниот одбојкарски турнир во салата од СОУ „Ѓорче Петров“ во Прилеп. Прво настапија женски кадетски тимови, каде 11 Октомври 2008 со 2:1 беше подобра од  11 Октомври. Потоа д-р Борче Јовчески, градоначалникот на Прилеп, свечено го отвори турнирот и со пригоден говор им се обрати на стотината присутни, меѓу кои имаше прославени одбојкарски имиња од минатото.

На крајот, по едноминутната почит за починатиот одбокар и тренер Тодор Ѓорѓиески од Крушево, беа мечевите на машките екипи од ветерани. Прво Синалко од Крушево со 2:0 го совлада 11 Октомври од Прилеп, па Струмица со 1:0 беше подобра од Синалко, а во завршниот меч Струмица со 1:0 излезе подобра од 11 Октомври. Ветераните одлично се бореа и покажаа дека годините не им се проблем. Највозрасен присутен одбојкар меѓу пријавените, беше 65-годишниот Ацо Милков од Струмица. За домашниот 11 Октомври настапија: Димитар Стрезоски, Теодор Ангелески, Зоран Пиловски, Методија Басароски, Далибор Рајевиќ, Мартин Наумоски, Гоце Бурмески, Илија Димоски, Влатко Лукароски и Пеце Талески. За се да помине во најдобар ред, придонесоа судиите Дејан Димоски и Здравко Ристески.

Настанот заврши со тричасовна дружба во убаво расположение на долгодецениските спортски пријатели од трите града. Гостите од Струмица во знак на сеќавање на средбата, му подарија книга за одбојката во Македонија на претседателот на Здружението на спортските ветерани од Прилеп, Глигурче Локвенец.

Од категоријата

ДВАЈЦА ИГРААТ ПРОТИВ ШЕСТМИНА!

Зоран Иге

ВОЗВРАТНА ПОСЕТА ВО СТРУМИЦА!

Зоран Иге

МЕЧЕВИ ШТО ТРЕБА ДА ГИ ИМА ПОЧЕСТО ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе