Ракомет

ВЕЧЕРВА ИМА РАКОМЕТ

Седмото коло од ракометната машка Супер лига, А-група, се игра викендов. Вечерва (20 часот) во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ е дуелот Прилеп – Куманово. Домашниот тим има можност да стигне до вториот триумф, Единствениот досега е против неготински Вардар, дома, а остварено е едно реми (во Струга), покрај четирите пораза. Од друга страна, Куманово има една победа (во Неготино) и пет пораза. Мечот во Прилеп го судат Виктор Начевски и Даниело Божиновски, делегат е Цано Куртовиќ, сите од Скопје.

ТАБЕЛА: Вардар (Скопје) 18, Алкалоид и Бутел по 15, Охрид 9, Струга 7, Прилеп 4, Куманово 3, Вардар (Неготино) 0.

Од категоријата

ДВА РАКОМЕТНИ МЕЧА ДЕНЕСКА ВО ПРИЛЕП

Зоран Иге

ДВЕ ДЕСПИНИ СЕ ПОЈАВИЈА ВО БИТОЛА!

Зоран Иге

„ФИНЕЦОТ“ ТРЕНЧЕВСКИ СЕ ВРАТИ ВО ПРИЛЕП

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе