100 години фудбал во Прилеп

МОЖЕА ДА ПОБЕДАТ, АМА КАКО ДА НЕ САКАА!

Петнаесетти ноември 1987 година го паметат сите повозрасни симпатизери на Победа. Тој ден, екипата предводена од тренерот Кирил Анески – Тумано, беше втора на табелата по 13 одиграни кола во Втората југословенска фудбалска лига – Исток. Имаше 17 бода, исто колку и првата Мачва од Шабац. Со оглед на тоа што Мачва загуби во Чачак од Борац со 2:0, се очекуваше Победа да го совлада Нови Пазар и да се искачи сама на врвот со 19 бода, бидејќи во тоа време за победа се добиваа по два бода. На Градскиот стадион „Гоце Делчев“ се собраа над 10 илјади гледачи со разни навивачки реквизити, сите убедени дека ќе се постигне осмиот триумф во серија. Но… резултатот не мрдна од самиот почеток, 0:0.

Во весникот „Политика“ од Белград, извештајот гласеше: „Победа можеше да ја постигне и осмата последователна победа, но како тоа да не го сакаше. На денешниот натпревар повеќе од 13 илјади гледачи се почувствуваа изневерени. Исвиркувањата упатени кон играта на двете екипи почнаа уште во 20. минута кога се виде дека ниту едните ниту другите немаат поголеми амбиции од освојувањето на еден бод.“

Таа сезона е испуштена голема шанса за пласман во Првата југословенска лига.

Од категоријата

ПРЕД ДА КАЖЕ ЗБОГУМ – ОДБРАНИ ЧЕТИРИ ПЕНАЛИ!

Зоран Иге

ПОБЕДА ЈА ИЗБЕГНА СУДБИНАТА НА МАНЧЕСТЕР

Зоран Иге

ПРИЛЕПЧАНЕЦ КРАЈ АУТ-ЛИНИЈА ПРЕД 90 ИЛЈАДИ ГЛЕДАЧИ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе