Фудбал

КОНСОЛИДАЦИЈА ВО ПОБЕДА

Како се ближи првенствениот меч дома со шампионот Шкупи, во Победа има напори за консолидација. Наспроти многуте шпекулации, симпатизерите на клубот, сите оние што го сакаат и кога е во најтешката криза, можат до неделниот дуел да ги следат секојдневните тренинзи на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ водени од Бобан Бабунски. Се слуша дека фудбалерите и покрај сите тешкотии, одлучиле да играат за клубот и градот. Така екипата оди по ново изненадување, како што тоа беше против Силекс, Струга, како и со Шкупи во Скопје каде е освоен првиот бод.

Мечот Победа – Шкупи, интересен и поради тоа што шампионот го водат прилепчани, тренерите Гоце Седлоски и Тони Мегленски,  е в недела од 13 часот.

Од категоријата

БОРБА ЗА ПОЛУФИНАЛЕ МЕЃУ ПОБЕДА И А. ПАНДЕВ!

Зоран Иге

НАШАТА МИЛЕСКА ДО СТРУЧНИОТ ШТАБ НА АМЕРИКА!

Зоран Иге

БРЗИ ГОЛОВИ: ДО ТРЕТАТА МИНУТА БЕШЕ ЧЕТИРИ-НУЛА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе