Фудбал

ВЕЧЕРВА В САЛА ПОРАНО, ОД 17 ЧАСОТ!

Огромен е интересот за присуство на гледачите на Хуманитарниот турнир во мал фудбал „Свети Никола“. Во салата од ОУ „Добре Јованоски“ секоја вечер се е е преполно – седиштата, патеките, местата за стоење. Важно е за вечерва дека за сениорските дуели програмата почнува порано, во 17 часот. Тогаш е мечот за 3. место помеѓу екипите Гостилница „Кај Мече“ (Охрид) и Виталија Ветаџока Стара фурна (Прилеп/Скопје). Следи ревијален меч меѓу ветераните на Победа и Пелистер, каде ќе можат да се видат на паркетот некогашните репрезентативци на Македонија. Од 19 часот е кулминацијата, големото финале Скара на кило „Кај Кусио“ (Прилеп) – Гостилница „Кај Џек“ (Скопје). За кого ќе биде победничкиот пехар и како ќе се поделат паричните награди од 240 илјади, 120 илјади и 60 илјади денари.

Салата е отворена за сите љубители на малиот фудбал кои сакаат да ги следат претходните натпревари за пионери во повеќе возрасни категории. Програмата за нив е почната од 10 часот.

Од категоријата

ГОЛЕМО КОЊАРИ УБЕДЛИВО И НА ГОСТИ!

Зоран Иге

ДВЕ ПОБЕДИ ВО ТЕТОВО!

Зоран Иге

НАЈТЕЖОК РИВАЛ ЗА КУПОТ

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе