Спортската сезона во Прилеп се отвора со кошарката. Вечерва (19 часот) во салата од ООУ „Добре Јованоски“ тимот на Мега баскет игра со Гостивар 2, во 10. рунда на Третата лига Б-група. Ова е дерби-меч, ако се земе предвид дека прилепскиот состав е на чело од табелата, а гостинскиот е на третото место.
– Ве повикуваме сите љубители на кошарката да ја продолжиме победничката серија. Екипата на Мега баскет во зимскиот преоден рок се засили со Давид Петрески и Миле Станимировиќ. Се гледаме в сала! – порачуваат од клубот Мега баскет.
ТАБЕЛА: Мега баскет 16, Тетекс 14, Гостивар 2 – 13, ИБА баскет и Хераклеја по 12, Албес и Дибра иглс по 11, Спарта 10, Љуботен 8.