Универзалната сала се враќа како тема меѓу спортистите во Прилеп. Најново е што е најавена петиција (колективно писмено барање) до АМС. Најавата ја добивме од Рубинчо Седлоски, познатиот ракометен судија и спортски работник.
– Ве поканувам сите во вторник во 18 часот во големата сала на Локална самоуправа – Прилеп да дадеме поддршка на петицијата до Агенција за млади и спорт ЛС Прилеп да биде медијатор за изнаогање на решение на Универзалната сала. На состанокот ке биде и Градонацалникот каде ке даде писмени гаранции за салата да биде доделена на Прилеп и со тоа да се отвори за спортот во градот – пишува Седлоски.
Во октомври 2021 година имаше обид за пуштање на објектот, но само кусо беше во употреба.