Тренерскиот занает во фудбалот бара долготрајно вложување во себе. Селекторот на женската репрезентација на Македонија до 17 години, Катерина Милеска, одбра да собира искуство од менторот, светски познатиот стручњак Влатко Андоновски, селектор на женската сениорска репрезентација на Соединетите Американскии Држави, една од најдобрите во светот. Таа деновиве од прва рака и дирекно ја следеше работата и подготовката на селекцијата на САД за пријателските натпревари против Ирска.
Милеска е во повеќе улоги: селектор во репрезентацијата, тренер и играч во прилепска Деспина.