Фудбал

НА ЧЕТИРИ ЈАЗИКА ПРЕНЕСУВАНО КАКО А. ПАНДЕВ ЈА СОВЛАДА ПОБЕДА

Без изненадување заврши мечот во Струмица, каде Академија Пандев со 2:0 ја совлада Победа. Во 49. минута црвен картон доби гостинскиот голман Дарко Тофилоски, па натаму тешко беше да се сочува нерешениот резултат. Нововлезениот голман Даниел Котевски го одбрани досудениот пенал за домашните, но неговата мрежа се затресе во 60. и 68. минута. Стрелци беа Кристијан Велиновски и Димитар Трајков. Интересно е што за овој меч имаше ТВ-пренос за екс-Југославија на четири јазика: македонски, српски, хрватски и словенечки. Коментаторката на словенечки даде многу податоци за сите актери, но очигледно, имаше проблем со немање точен записник, па повеќепати го спомна Димитри Кочоски како играч на Победа. Грешка, бидејќи тој денеска беше дел од младинскиот тим во Тетово, каде постигна гол.

РЕЗУЛТАТИ 29. КОЛО: Академија Пандев – Победа 2:0, Македонија ЃП – Скопје 2:1, Струга – Тиквеш 2:0, Шкупи – Брегалница 3:0, Шкендија – Силекс 0:0.

TАБЕЛA: Струга 56, Шкендија 51, Шкупи 49, Силекс 44, Брегалница и Македонија ЃП 36, Тиквеш и Работнички 31, Академија Пандев 26, Скопје 19, Победа 13.

СЛЕДНО 30. КОЛО (30 април во 16 ч.): Победа – Скопје, Шкендија – Македонија ЃП, Силекс – Шкупи, Брегалница – Струга, Тиквеш – Работнички.

Од категоријата

ДЕСПИНА ВЛЕЗЕ ВО ЧЕТВРТФИНАЛЕТО!

Зоран Иге

ПОБЕДА – СКОПЈЕ

Зоран Иге

ПОБЕДА: ДУНИМАГЛОСКИ ТРГНА СО ТРИУМФ НА ГОСТИ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе