Претстои полуфиналето од плеј-офот за влез во Втората кошарскарска лига на Македонија. Екипата Мега баскет (Прилеп) игра со Маџари (Скопје). Двата тима беа убедливи во четвртфиналето. Мега баскет постигна две победи – дома (109:39) и на гости (65:49) со Младинец (Скопје), а и Маџари две победи – дома (80:56) и на гости (74:56) против Гостивар 2.
Во клубот Мега баскет имаат информации за квалитетите на Маџари, кого го гледаа на првиот четвртфинален меч. Од таму сметаат дека се работи за мошне добра, искусна екипа, но не и непобедлива, споредувајќи ги квалитетите со Мега баскет. Првиот дуел би требало да се случи на 7 мај.
Второто полуфинале не е познато, затоа што се чека мајсторката од скопските Феникс баскет – Спарта, од каде победникот ќе се сретне со тетовски Тетекс.