Стартуваше како трет, излезе на крајот прв на Отвореното првенство на Македонија, одржано во Скопје. Тоа е прилепчанецот Звонко Станојоски, Можеби требаше да се смета за прв фаворит, со оглед на тоа што е единствениот со титулата велемајстор на првенството, меѓу 95 учесници.
Станојоски освои 7,5 поени преку три ремија (со Давид Николовски, ИМ Тони Лазов и Филип Михов) и шест победи (со Филип Величковски, Зоран Јовановски, Жарко Шелковски, Андреј Велјаноски, Антон Златков и ФМ Емил Ристески). На второто и третото место, со ист број поени (7,5) се ФМ Андреј Велјаноски и ИМ Никола Николовски. Вториот прилепчанец ФМ Роберт Велески е на 20. место со 5,5 поени.
Во женска конкуренција, меѓу 10 учеснички првак е ФМ Моника Стојковска со 7 поени, колку што има и втората Ивана Манова, додека прилепчанката Викторија Велеска е на 7. место со 2,5 поена.